Американската амбасадорка во Македонија, Кејт Мари Брнс, во интервју за Телеграфи, зборува за тоа што земјава треба да направи во однос на воспоставување на независно судство, за видливиот политички елитизам, но и за високиот степен на корупција.
Според неа, сè уште постои перцепција дека една просечна личност е подложена на казни за прекршоци (бидејќи системот е корумпиран), за разлика од оние кои се од повисоките структури, добро поврзани или имаат пари.
Се применува различен стандард на правда. Во најдобар случај, ова создава разлики и незадоволства и промовира понатамошно иселување на талентирани луѓе кои бараат можности на друго место. Во најлош случај тоа предизвикува реакција и дава покана за популизам и демагогија што доведува до понатамошна ерозија на граѓанските вредности“, вели амбасадорката Брнс во интервјуто.
Comments are closed for this post.