Нови 241 случај позитивни на Ковид 19 се регистрирани во последните 24 часа, од направени 1700 тестирања. Регистрирани се 51 оздравено лице и осум починати.
Како што соопшти Министерството за здравството од новите случаи најголем број се Скопје-73, Штип 60, Тетово 32, Гостивар-14, Куманово-10, Кочани осум, Гевгелија шест, Прилеп и Свети Николе по пет, Струмица четири, Струга, Радовиш и Крива Паланка по три, Охрид, Кичево, Демир Хисар по два случаја и по еден е регистриран во Дебар, Велес, Крушево, Пробиштип, Виница и Кратово.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 51 оздравени лица од кои Скопје-40, Битола-1, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Кичево-1, Ресен-7.
Починатите лица се по двајца пациенти од Скопје, Тетово и Струга, еден пациент од Гостивар и еден од Струмица.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа тројца пациенти на возраст 59, 61 и 62 години.
Во ГОБ „8 Септември“ починаа четворица пациенти – двајца на возраст од 67 години и двајца 76-годишни пациенти. Во КБ Тетово е починат пациент на возраст од 66 години.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9026, бројката на оздравени пациенти е 4727, на починати е 414, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3885. Денес се евидентира еден контролен тест од вчерашните.
Дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 4214, активни 1868
• Куманово 904, активни 236
• Дебар 173, активни 111
• Штип 569, активни 272
• Прилеп 311, активни 62
• Тетово 938, активни 325
• Струга 351, активни 170
• Велес 206, активни 31
• Битола 88, активни 43
• Охрид 231, активни 116
• Кавадарци 28, активни 17
• Гостивар 286, активни 190
• Гевгелија 19, активни 9 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци, еден е од Дојран)
• Струмица 28, активни 19
• Крива Паланка 22, активни 11
• Радовиш 18, активни 14
• Крушево 13, активни 8
• Кочани 88, активни 20
• Пробиштип 42, активни 26
• Демир Хисар 14, активни 12
• Македонски Брод 9, активни 5
• Пехчево 6, активни 1
• Берово 4, активни 1
• Валандово 6, активни 0
• Виница 5, активни 2
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 10, активни 6
• Свети Николе 184, активни 169
• Кичево 96, активни 80
• Ресен 140, активни 59
• Неготино 22, активни 2 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1700 теста и тоа преку: ИЈЗ-475, ЦЈЗ Скопје-23, Авицена-216, Биотек-174, МАНУ -166, Жан Митрев (Филип Втори) –351, Систина со PCR метода -231, Судска медицина -10, ЦЈЗ Битола-54. Досега во земјата се направени вкупно 84916 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 17 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 15 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 7 деца позитивни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови, вкупно хоспитализирани се 87 пациент. На респираторна машина се пет пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 35, а во болницата во Штип се хоспитализирани 51 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 131 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Comments are closed for this post.