Во однос на ветото од соседна Бугарија на пристапните преговори на Македонија во ЕУ, премиерот Зоран Заев во гостувањето на Утрински брифинг и новите прилики на политичката сцена во Бугарија по парламентарните избори од 4. април, истакна дека Брисел е запознаен со црвените линии и од нив нема отстапување, надеж дава португалското претседателство на ЕУ.

Граѓаните треба да ја согледаат реалноста – Бугарија има техничка влада, но тоа не значи дека не треба да направиме се да се најде решение. Мислам дека и за бугарската страна е добро да се изнајде решение. Граѓаните на изборите им порачаа дека политики кои носат непријателство, блокади и кочници не се поздравени и поддржани. Впрочем и претседателот Радев кој многу често зборува за европеизација, европските манири и слично, мислам дека треба да се повлече од вакви чекори. Не сакам да ги креваме нереално очекувањата па после пак да бидеме скршени, но оваа година треба да направиме пробив. Ние не зборуваме за следен чекор, туку за получекор – прва меѓународна конференција. Новината е португалското претседателство кое разработува цела една стратегија со која што ќе настапи пред Софија и пред Скопје. Верувам дека до крајот на оваа недела тоа ќе се случи. Ги знаат нашите црвени линии – бевме во Брисел и им рековме: Ако го чепнете македонски идентитет и јазик тргнете не од преговорите. За идентитет никој никогаш не разговарал. 22 јуни треба да има ГАК и да се донесе одлука за четирите меѓувладини конференции. За првпат за Северна Македонија и Албанија. Првата меѓувладина конференција е во рамките на нивното претседателство, што значи меѓу 22 и 30 јуни треба да ја одржиме и првата меѓувладина конференција, што е добро како амбиција, нагласи Заев.