Блерим Ахмеди, братот на „Ел Чека“, кој неколкупати ги водеше протестите во изјава за весникот „Лајм“, ги поканува Албанците повторно да се приклучат на протестот, кој што ќе се одржи во Скопје на 14 септември, во 14 часот на плоштадот Скендербег, под мотото: „Марш до Собрание“.
Овој протест ќе го започнеме од плоштадот Скендербег во Скопје, а потоа ќе маршираме кон македонскиот парламент. Причината за протест останува иста. Веќе неколку години протестираме против носењето на ДУИ на власт, екстремното влошување на позицијата на Албанците во Македонија, придружено со масовното иселување на албанската младина, потоа заради убивањето на Албанците, затворањето, монтираните случаи и многу многу други планови против правата на Албанците, рече Блерим Ахмади, братот на Ел Чека, за весникот„ Лајм “, додавајќи дека последно време се слушаат и прислушкувани разговори на кои се слушаат гласови на лидерот на ДУИ и неговите партиски колеги кои „на најварварски начин го исмејуваат, навредуваат и го пцујат албанскиот народ и албанските мајки“.
Comments are closed for this post.