Власта има два фокуси на нивната политика во моментов а тоа не е развојот на Македонија, туку да имаат 61 пратеник да останат ден повеќе на власт. Целта на владеењето е да се остане на власт. Вториот фокус е доколку е можно да се обезбедат осум  пратеници со цел да поминат уставните измени,нагласува политичкиот аналитичар Владимир Божиновски во интервју за „Република и „Пресинг ТВ“.

Не верувам дека возможно ниту еден пратеник да обезбедат. Едно е вие да имате уценети пратеници што ќе ги вадете од затвор во моментот  кога се менува власта а друго е кога имате пратеници кои се во опозиција и кога знаат дека нивната опција на следните избори е сигурен победник. Зошто велам осум а не шест пратеници, затоа што и ДОМ и Демократскиот сојуз се изјаснија дека нема да ги поддржат уставните измени а можеби и ЛДП-вели Божиновски.

Според него, невозможно е да се повторат во Собранието сликите како при промената на името.

Ова не е 2017 година. Имаме нов пратенички состав.Ова се пратеници кои се дојдени како  опозиција и кога сте власт и имате притисоци и уцени а знаеме дека дел од пратениците беа носени од затвор за да гласаат-потсетува Божиновски.

Тој е убеден дека ВМРО-ДПМНЕ ќе успее да ги издржи притисоците кои доаѓаат однадвор.

На медијаторите им е важно само спорот да биде решен а како ќе се реши зависи од страните кои се инволвирани во спорот. Ние имаме власт која е подготвена да прифати се. Нив им е важно да се заврши работата и да се најде договор. Ние не можеме да ги обвинуваме странците е сега што ние имаме страна без никакво национално чувство со луѓето со луѓето кои се против вакво обезличување. Секој партнер посакува ваква власт затоа што може да ги извојува зацртаните цели како во случајот со Бугарија. Прашањето е дали ние тоа ќе го дозволиме или не. Власта презема обврски што не може да ги исполни со цел пред медијаторите да се покажат конструктивни.Ако обезлечувањето на државата е конструктивност тогаш сите ќе ја имаме таа контруктивност.Ако ВМРО-ДПМНЕ кое веќе има лузна со тоа што се случи со тоа што се случи со тие осумтемина, а не дај боже тоа се случи пак тие ќе бидат единствениот губитник иако не по нивна вина-објаснува Божиновски за „Република и „Пресинг ТВ“.

Божиновски смета дека освен оваа власт никој не би се согласил на она што ни го прави Бугарија.

Не е самото внесување на Бугарите толку проблематично толку што е проблематично она што е тоа проблематично она што го потпиша Ковачевски. Борбата ќе биде да се избоксува проемена на тоа што е потпишано.Со него имаме некаков  сатрап во Софија кој треба да ми каже каква историја ќе учи моето дете. Освен оваа власт јас не верувам која друга власт ќе се согласи на такво нешто.

Тој има објаснување и за т.н Балансер

Во моментов имаме директно кршење на законите од оној кој ги носи и треба да ги спроведува а тоа е владата. Сосема е јасно дека  Балансерот се однесува на правична застапеност во согласност со последниот попис на резидентно население. Толку е јасно тоа толкување што нема можност како поинаку да биде толкувано.

Божиновски ги толкува и последните анкети кои покажуваат сериозно водство на опозицијата и победа на следните избори.

Веќе не се доведува во прашање кој ќе победи на следните избори.Сите истражувања покажуваат дека опозицијата има предност која може само да се зголемува.Власта може само да ја задржи моменталната разлика кој што ј има опозицијата.Воопшто веќе не е прашање кој ќе победи на изборите туку колкава ќе биде разликата на ВМРО-ДПМНЕ-убеден е Божиновски.

Целиот разговор слушнете го во видеоинтервјуто кое го водеше Игор Чавески