Портпаролот Миле Бошњаковски на прес-конференцијата во Владата изјави дека сè уште нема конечна одлука на кој начин ќе ѝ се помогне на Франција за санирање на штетите од пожарот во катедралата Нотр Дам.

Тој вели дека француското Министерство за надворешни работи треба да го информира македонското за тоа каква помош му е потребна, дали во парични средства или со други ресурси и капацитети.