Поранешниот пратеник Љубомир Јосифовски, кој синоќа бил приведен и однесен на распит во полициската станица Беко, извршил класичен хакерски упад во ситемот на Централен регистар, потврди за „Слободен печат“ директорката Марија Бошковска-Јанковски.
Според неа, нападот го регистрирале од ИТ секторот. Таа, како што вели, не знаела за кого станува збор, само и била кажано дека е извршен упад во информатичкиот систем од страна на правен субјект.
Откривме дека тој е лицето кој го извршил упадот и се обидел да краде податоци. Случајот го пријавивме во МВР, изјави за „Слободен печат“ Бошковска-Јанковски.
Таа најави соопштение за јавноста, но не сака да открие повеќе детали заради истрагата.
Од МВР потврдија дека Јосифовски бил приведен на информативен разговор и дека се сомничи за оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем
Comments are closed for this post.