Бојан Јовановски откри детали од разговорот со поранешниот премиер Зоран Заев, кој се случил на 15 ноември 2019 година поврзани со Орце Камчев и Катица Јанева.
Боки тврди дека токму Заев ургирал кај претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев Камчев да биде ослободен.
-Тоа лично ми го кажа Заев на средбата во неговиот кабинет за што постои доказ во вид на порака во мојот невештачен телефон. За Катица Заев рече дека му правела многу политички проблеми бидејќи во тој период беа уставните измени. Двајца од противниците наводно контролирал Заев, а останатите Мијалков, вели Јовановски.
Заев, според тврдењето на Боки се фалел дека може да го згасне СЈО кога сака и дека му говорел за “мекнеење” на Јанева
Comments are closed for this post.