Бојан Јовановски, првообвинет во аферата „Рекет“, преку Европскиот суд за човекови права во Стразбур бара времена мерка да биде ослободен од притвор во истражниот затвор Скопје во Шутка и пуштен во куќен притвор.
Времената мерка е побарана во петокот, минатата недела. Но, тоа беше последниот работен ден на Судот за прием на жалби, зашто од понеделникот тој ги затвори вратите, поради приспособување на преземените мерки во Франција во борбата против пандемијата, предизвикана од корона вирусот.
Јовановски со месеци бара ослободување од притвор поради здравствената состојба и потребата од лекување во соодветни здравствено-хигиенски услови. Но, и Основниот и Апелациониот суд останаа глуви на неговите барања.
На едно од последните рочишта Бојан Јовановски директно се обрати до судечкиот совет со исто барање, а судијката, која го води процесот, возврати дека ќе одговорат на едно од наредните рочишта. Досега, тоа не се случи.
Јовановски беше притворен на 15 јули минатата година на граничниот премин Богородица.
Досега, со исто барање до ЕСЧП настапија Едмонд Темелко и екс-министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и тие добија позитивни одговори
Comments are closed for this post.