Уникатни парчиња купени во Милано, Монте Карло, Солун и Белград имало во гардеробата на Бојан Јовановски. Тој при презентацијата се сеќаваше на кои настани ја носел одземената гардероба а за некои парчина се сеќаваше дека му се одземени од спалната соба.

Меѓу уникатните парчиња се чевли Кристијан Лабутанд кои не биле во продажба и биле направени во чест на Мајкл Џексон.

Боки носел и единствено парче чевли со кристали Џузепе Заноти.

Дека Бојан држел до својот стил покажа и со брендираните папучи Дискверт и Луј Витон пешкир, како и Версаче патики кои не биле во слободна продажба.

Како што можете да видите во мојот дом има многу кутии. Јас живеев како во модно атеље-рече Боки пред судот.