Првообвинетиот за случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13, пристигна во судот со задоцнување. Тој беше донесен од притвор, а причина за доцнењето е тоа што пред неговото спроведување, Боки 13 бил на преглед кај затворскиот лекар.
Претходно, во судот на првото рочиште од судењето, пристигнаа второ и трето обвинетите, Зоран Милевски – Кичеец и Катица Јанева. Сите тројца обвинети имаат по двајца адвокати во судницата кои ќе ги застапуваат за случајот „Рекет“.
Судскиот процес го следат бројни новинарски екипи, како и претставници од американската амбасада, ОБСЕ, Коалицијата сите за правично судење и Зелена лупа.
Comments are closed for this post.