За утре и задутре во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција на распит = се повикани осомничените за криминалната афера „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13 и поранешната СЈО Катица Јанева.
Боки 13 е повикан на распит утре во 12 часот, а Јанева, која е разрешена од функцијата и е во притвор како осомничена во „Рекет“ исказ ќе дава во вторник, потврдуваат за МИА од обвинителството.
Адвокатка на Јанева, Ирена Данаилова-Фрчкоска во интервју за „360 степени“ на ТВ Алсат, вели дека било очекувано Јанева да биде разрешена од функцијата специјален јавен обвинител, но дека е дискутабилна одлуката на Советот за јавни обвинители за нејзино разрешување од функцијата јавен обвинител во Гевгелија.
Comments are closed for this post.