Во новата снимка која ја објавува весникот „Ла верита“ се споменува и Сашо Мијалков. Боки 13 му најавува Камчев дека наскоро ќе има пресуда за прислушуваните материјали мисли на случајот „Тврдина/Таргет“ и дека Сашо Мијалков веднаш по пресудата ќе го стават во затвор.
Транскрипт од разговорот:
Боки 13: Кога викаш дека си законски чист, јас те разбирам. Многу маневрации си ги направил премногу интелигентно.
Орце Камчев: Јас и ти сме слични за тие работи.
Боки 13: Не може да правиш како Сашо Мијалков, тоа е п*чкин дим за тебе. Да не беше Мијалков во предметот и целата таа фама дигната, ништо не се случува. За мозок никој не може да ти оспори. Ако порано беше дека само се к*рчи и татко му направил пари, сега веќе не.
Орце Камчев: Татко ми се друга генерација луѓе.
Боки 13: Друга.
Орце Камчев: Шефе, Македонија треба да искористи такви луѓе како мене, како тебе. Во различни сегменти. Не да ги гази во секој поглед.
Боки 13: Прислушуваните материјали.
Орце Камчев: Палчо и компанија, шо со тоа?
Боки 13: Не бре тоа, пресуда ќе има.
Орце Камчев: Ааа.
Боки 13: Мијалков.
Орце Камчев: Кога? Ама тоа за ова, до таму дојде?
Боки 13: Вероватно одма у затвор ќе го стават, на лежење.
Орце Камчев: Ако е поголема казната, сигурно тоа… Шефе, од таму се сите г*мна. Не сме слушале јас и ти, не сме праеле. Кој си слушал, нека си праи… Си сркал… А бе ние бизнис тераме, не тераме полиција, политика, прислушкувања, уценувања, глупости. Не сме научени на такви приказни, на таков начин.
Comments are closed for this post.