Движењето „Бојкотирам“ вечерва слави пред Собранието. Од собирот се испрати порака – „Народот го кажа своето мислење за промена на името, сега на ред е оставка од Владата и распишување на нови избори“.
Претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров, рече дека утре до државниот врв и до меѓународните организации ќе биде испратена декларација на движењето составена од 18 точки, во кои, меѓу другото се бара заштита на името Република Македонија, покренување на обвинение против премиерот Зоран Заев за „велепредавство“ и за поништување на Договорот со Грција.
Comments are closed for this post.