Во рамки на расправата за одзмемање на мандатот на Љупчо Димовски, пратеникот Павле Богоевски, кој е и претседател на Комисијата, рече дека седницата е закажана денеска бидејќи согласно деловникот имаат рок од два дена да достават известување до претседателот на Собранието.

Комисијата, како што рече, не праќа во притвор никого, туку тоа го прави судот, кој носи одлука дали некој оди во притвор.

Нашето гласање не е гласање за тоа дека некој колега го ставаме во притвор. Собранието е должно да постапи по барање на судот, а со нашето гласање дозволуваме судот да одлучува, рече Богоевски, додавајќи дека смета дека се исполнети условите за да се донесе одлуката.