Истрагата за случајот „Рекет“ мора да покаже дали лично Зоран Заев играл улога и учествувал во рекетирањето, таргетирањето и прикривањето на уцените врз бизнисмените. За да може случајот да се истражи до крај, Зоран Заев мора да си замине, зашто само така обвинителството и судството ќе можат да се ослободат од стегите на власта и да се дознае целата вистина, изјави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска.
Според неа, Македонија блеска во криминал, корупција, изнуди и поткупи, во криминално-политичко-судско-медиумски октопод, во злоупотреба на институциите, нарачан прогон и неправда само за да се задоволи алчноста за лично богатење на владеачкиот ганг. Додаде дека “Кики” и “Фрики” од рекетарските приказни си се смеат од страна затоа што се високи функционери и соработници од доверба на Заев и ги знаат неговите криминали, па затоа во овој момент нема политички договор за нив да важи законот.
Корените на аферата се многу подлабоки, а двете осомничени лица служат за да ги спасат оние кои биле на чело на оваа рекетарска банда, а се дел од врхушката на власта. Уште еднаш се покажа дека Зоран Заев тргува со правдата за остварување на финансиски интереси и политички мотиви. Заев е главата на вториот криминален октопод на СДСМ во кој е изразена рекетарско, криминално, медиумската спрега, изјави Ласоска.
Таа побара одговор на прашањата зошто на Катица Јанева и беше одземен само телефонот и беше оставена да продолжи да го води СЈО, зошто доколку таа е вмешана во случајот не се преземени мерки за претпазливост на обвинителката, кога таа може директно да влијае на сведоците во овој случај, да го повтори делото или да се даде во бегство?
Дали Јанева не доби притвор само поради тоа што Зоран Заев лично ја штити, праша Ласовска.
Според неа, само ослободено обвинителство може да дојде до вистината, а за да се случи тоа потребни се предвремени парламентарни избори.
Comments are closed for this post.