Веднаш откако Владо Бучковски беше назначен за специјален претставник за односите со Бугарија, агенцијата БГНЕС која го објави скандалозното интервју со Заев, излезе со коментар до каде поранешниот премиер може да оди во преговорите.

Иван Николов пишува дека Бучковски живее во заблуди за некакви победи за Македонија во времето на титова Југослвија и оти тогаш биле направени најголемите фалсификати на историјата.

АСНОМ, беше камуфлираната врска со историскиот Илинден во 1903 година, за луѓето да бидат измамени дека доаѓа вистинска слобода за Македонија. А зошто само неколку месеци подоцна започна последователната ликвидација на раководството на АСНОМ, предводено од Методи Андонов-Ченто?-прашува Иван Николов.