Со штуро соопштение дека нова средба ќе во вторник заврши вчерашната средба меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на Беса Билал Касами. Најавата за нова средба укажува дека Касами не го добил она што го посакува, а време за договор има уште малку.
Гласовите на Беса се неопходни за обезбедување на двотретинското мнозинство, но ќе биде потребна и поддршката од Алијансата за Албаните на Зијадин Села со кого исто така може да се очекува средба деновиве.
Неофицијално, Беса бара од Заев во државјанството кое ќе биде истакната на личните документи наместо како што е предвидено со Договорот од Преспа да стои Македонско/граѓанин на Северна Република Македонија, да стои само „граѓанин на Северна Македонија“.
Се шпекулира дека двете албански опозициски партии да се тргне и делот во Преамбулата каде е нагласен Македонскиот народ, односно тој да биде ставен во ист кош со другите етнички заедници. Покрај тоа, Беса бара Албанскиот јазик да стане официјален на територијата на цела Македонија.
Сепак, засега е малку веројатно дека ова е прифатливо за Заев но не може да се предвиди што ќе се случува до почетокот на расправа бидејќи во ова фаза е дозволено пратениците да поднесуваат амадмани на амадманите.
Третата, последна фаза од промена на Уставот започнува во среда.Најмногу може да трае десет дена но се очекува гласање да има во петок на 11 јануари.
Comments are closed for this post.