Членовите во комисијата од македонска страна постојано ја бранат „позицијата на македонизмот“, изјави за бугарското Радио Фокус, професор Светлозар Елдаров.

Тој објасни дека македонизмот е антипод на бугарската национална идеја, па резултатите од вчерашната средба во Софија за историските и образовните прашања меѓу претставниците на Бугарија и на Македонја завршила без договор за клучни прашања.

Според најавите, на оваа средба требаше да се зборува за Гоце Делчев и да се најде формулча дали е тој Македонец или Бугарин, но има на  маса и други спорни прашања, но и чувствителни за двата соседни народи.

Проф. Елдаров изрази сомневање дека ќе има нова средба на Заедничката ескпертска комисија во октомври во Скопје.

На 11 Октомври е нивниот национален празник, денот на народното востание, кое е востание против Бугарите, бугарското воено-админситративно управување во Македонија за време на Втората светска војна во 1941 година. На 23 октомври, исто така имаат национален празник – Денот на македонската револуционерна борба, односно основањето на бугарскиот македонски-одрински револуционерен комитет, а подоцна Внатрешната македонска револуционерна организација.

На 5 октоврми, исто така за нив е историски ден – почетокот на Кресненското-разловечкото востание , според нив македонско востание“, изјави професор Елдаров.

професор Светлозар Елдаров

Според професорот, Договорот за пријателство е „ученички расказ“ зашто во него нема конкретизирања. Тој истакнува дека „историската вистина не подлежи на толкувања“.