Кривичниот совет на одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје постапувајќи по доставени барања во врска со Законот за амнестија на настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија, а по добиено позитивно мислење од надлежното обвинителство, донесе решенија со кои ги уважи барањата на Б.И., В.Ј. и Б.Д. опфатени во предметот со КОК бр. 40/18, соопштија од Основен суд Скопје 1 – Скопје.
Останите барања за кои од обвинителството е добиено негативно мислење, како што се посочува, советот донесе решенија со кои тие се одбиваат како неосновани. За сите решенија, согласно Законот, обвинетите имаат право на жалба во рок од три дена до повисокиот суд.
Сите останати барања се во фаза на одлучување и во Законски утврдениот рок ќе бидат донесени решенија кои ќе бидат доставени до странките, а јавноста ќе биде благовремено известена, наведуваат од Основен суд Скопје 1 – Скопје.
Во однос на предлогот за укинување на мерка притвор и предлог за определување мерка куќен притвор со мерки за претпазливост во случајот од обвинителството означен како „Империја”, информираат од Основен суд Скопје 1 – Скопје, од страна на судија на претходна постапка е утврдено дека не е комплетен и е вратен на доуредување кај најдлежниот обвинител, а по добиен уреден предлог судот веднаш ќе донесе решение
Comments are closed for this post.