Владата администрирана од Пиунот Ковачевски се заплетка со скандалот за именување на конзули во Њујорк и Чикаго, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Додаваат дека откако неколку медиуми врз основа на владини извори потврдија дека Владата на затворена седница ги именувала тв презентерката Бесмира Ејупи за генерален конзул во Њујорк, а Петрит Муслиу за генерален конзул во Чикаго, владата невешто демантира. Патем, потенцираат од партијата, демантот е делумен , односно се однесува само за изборот на Бесмира Ејупи, а не и за Петрит Муслиу, синот на провладиниот аналитичар Алберт Муслиу.
Ова, според ВМРО-ДПМНЕ, отвора нови дилеми.
Прво, дали владата ја лаже македонската јавност, сега откако пукна скандалот и се обидува да фалсификува и крие одлуки од затворената седница, бидејќи медиумите ја потврдија веста од повеќе владини избори претходно?
Второ, зошто чекаа 24 часа за да ја демантираат веста и дали во овие 24 часа била направена злоупотреба?
Трето, зошто демантираат само за иборот на Бесмира Ејупи, а не и за изборот на Петрит Муслиу, синот на аналитичарот Алберт Муслиу кој можеби е поскандалозен случај? Молкот значи одобрување.
Четврто, според кој критериум Муслиу синот бил избран за конзул во Чикаго и дали при изборот одлучна била активноста на аналитичарот Муслиу таткото во изминатиот период на одбрана на владата на СДСМ и ДУИ?
Срамота и крајно потценувачки е тоа што пиунот Ковачевски се крие и молчи за овој скандал од кој се гледа дека дипломатијата на сдсм и дуи е водена од презентер на вести и непотизам. Еве оставаме простор дека Ковачевски и воопшто да не бил информиран бидејќи коалициските партнери го сметаат за небитен во кадровската политика, велат оттаму.
Comments are closed for this post.