„Видов сцени на ужас. Нешто што не сум го видел ни во хорор филмови“, кусо ни кажа во телефонски разговор очевидец,инаку граѓанин на Гостивар.
Тој, како и многумина од патниците, е вработен во државната адмиистрација и секојдневно патува токму со автобусот на „Дурмо турс“.
„Тој автобус го пропуштив за само неколку минути, па се качив на следниот. На местото на трагедијата пристигнавме само неколку минути откако автобусот се превртел.Излегов и видов ужасни сцени. Луѓе лелекаа, врескаа, плачеа, некои бараа вода…Потресен сум. Не можам да ви го опишам тоа што го видов и тоа што го слушав. Вечерва дознав дека неколку од моите другари се наоѓаат повредени во болница. Биле во автобусот во кој требаше да бидам и јас. Се надевам дека ќе бидат добро“, изјави за Пресинг ТВ еден очевидец на оваа најтешка сообраќајна несреќа во модерната историја на Македонија.
Comments are closed for this post.