Во врска со независната кандидатура на поранешниот амбасадор и универзитетски професор Блерим Река за претседател на Северна Македонија, опозициската албанска партија Движењето БЕСА сé уште нема заземено став, изјави за Порталб.мк портпаролот на БЕСА, Елмедин Мемиши. Како што рече тој, одлуката за поддршка ќе биде донесена најдоцна до понеделник.
Не можеме ништо да коментираме во оваа фаза. Во следните денови, верувам дека најдоцна до понеделник ќе излеземе со официјален “, рече Мемиши.
Инаку, независната кандидатура за претседател на Северна Македонија, поранешниот амбасадор Река, ја објави денеска. Меѓу другото, тој ги бара албанските гласови, за како што вели, Северна Македонија да не биде моноетничка држава.
Comments are closed for this post.