Потпретседателот на Движењето Беса, Абдуш Демири денеска одржа прес-конференција во партиските канцеларии во Тетово на која ја повтори идејата за формирање комисија за спроведување реформи.

Според оваа партија, тоа е план за излез од долгата транзиција на реформи на правниот систем.

„Понудата на движењето Беса да се формира државна комисија, без разлика дали е од Парламентот или претседателот на земјата, е искрен и сериозен пристап и решение што ќе донесе одржливи и квалитетни реформи со европските вредности и стандарди. Уште еднаш ја повторуваме потребата за формирање комисија за забрзување на реформите во правосудниот систем, со помош на меѓународните претставници од САД и ЕУ, помагајќи ни да спроведеме значителни и квалитативни неопходни реформи што би резултирале во заокружување на овој процес со ветинг, кој на крајот би го ослободил судството како и целиот правен систем од партизација и политизација од поранешниот системски менталитет и колективниот пристап кон примената на правото“, истана Демири.

Според него, реформите не треба да се остават само на партиите на власт.

Уште еднаш се докажува дека реформите во правосудниот систем се оставени во рацете на политичките парии и тоа на партиите кои во една или друга форма го злоупотребиле или продолжуваат да го злоупотребуваат судството во интерес на политички интерес. Тие само ќе создадат дополнителни кризи со што никогаш нема да дозволат да се излезе од овој вицизен круг“, изјави потпретседателот на Беса.