Откако судија на претходна постапка не го прифати барањето на обвинителството за притвор, Кривичен совет ги смести во домашен, а сега Апелација ја прифати неговата жалба и го пушти на слобода. На негова страна застанало и вишото обвинителство. Сите се согласни дека нема доволно докази координаторот на ДУИ во Чаир, Незири и уште еден осомничен да се бранат од слобода. Па, така наводите на обвинителството кое ги гони дека овие и уште шест други лица од кои по дел се трагаше со денови нема да го повторат делото, нема да влијаат на сведоци, бидејќи за тоа и нема докази, се наведува во денешната одлука на Апелација.

Оцени дека во решенијата на истите не се приложени докази ниту се истакнати факти и околности кои укажуваат на реална опасност од бегство на осомничените, страв од попречување на кривичната постапка со влијание врз сведоците и соучесниците, ниту се наведени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повторат кривичното дело, а имајќи ги предвид личните прилики на осомничените и нивното однесување по сторување на кривичното дело за кое се сомничат,“ се вели во соопштението на Апелација.

И за Алмир Рамдедовиќ нема потреба да биде постојано во својот дом. Тој е осомничен дека ја крена рампата, како дел од обезбедувањето на компанијата „2СС“, а Апелација му ја враќа слободата и му го задржува пасошот. Токму за пропустите кои ги направил овој вработен, се наведени во извештајот на агенцијата за цивилно воздухопловство кој го презентираше директорот Томислав Тунтев. Таму категорично се бара кривична одговорност, со оглед дека ова лице како дел од компанијата кренало две рампи, за насилниците со две коли да упаднат во контролата на летање.

За останатите осомничени, судот, исто така, првично не одреди притвор, за потоа кривичниот совет да ги смести во домашен.