До службите во Собранието пристигна барањето до спикерот Џафери за повторно свикување на пратениците. Во барањето се потпишани 35 пратеници, но изостанаа на пратениците од ДУИ.
Во писмото на попишаните пратеници се наведува дека поради вонредната состојба која ја прогласи претседателот на државата тие мораат да се соберат повторно и оти само Собранието има надлежност да ја потврди оваа одлука на шефот на државата, како и да ги изгласа уредбите што ги донесе Владата.
Во образложението не се наведува фактот што Собранието се саморасушти и оти тоа не може повторно да се собере. На таков став се и правните експерти.
Професорката Гордана Силјановска Давкова истакнува дека е точно дека во деловникот има одредба според која претседателот може да свика седница или пак седница може да побараат на Парламентот 20 пратеници.
-Но седница на Парламент кој што е во заседание, а не на Парламент кој што се самораспуштил, нагласува Давкова.
По собраните потписи останува нејасно дали претседателот Џафери ќе го свика Собранието или пак дополнително ќе донесе одлука.
Comments are closed for this post.