Од министерството за внатрешни работи соопштија дека од први декември ќе има зголемување на платите на полициските службеници. На тој начин, од министерството одговараат на барањето на Независниот синдикат на полицијата за еднократно покачување на платите за 20 проценти од јануари 2019 година наместо зголемувањето на платите што го најави министерот за внатрешни работи кое, според синдикатот, ќе изнесува од 400 до 700 денари.
Од 1 декември оваа година ќе бидат зголемени и платите на полициските службеници. На почетокот на наредната недела јавноста ќе биде и сведок на нови активности за подобрување на условите за работа на полициските службеници – се наведува во соопштението.
Како што се наведува во соопштението, од јуни 2017 до сега, интензивно се вложува во подобрувањето на условите за работа на полициските службеници и со истото темпо ќе се продолжи и во наредниот период.
Comments are closed for this post.