Поранешни претседатели и премиери од регионот се собраа во Скопје во рамки на Подгоричкиот клуб. Нивен домаќин беше поранешниот претседател Бранко Црвенковски.
На свечената вечера беа Стипе Месиќ, Јадранка Косор, Филип Вујановиќ и многу други. Ним им се приклучија премиерот Заев и претседателот Пендаровски.
Секогаш е убаво да се видат толку многу пријателски лица на едно место. Синоќа организиравме прием за Подгоричкиот клуб кој е тука на регионалната конференција „Проширување на ЕУ на крстопат“, на кој имавме можност да поразговараме за МК-ЕУ агендата, за реформите, за датумот и за предизвиците пред нас.
Северна Македонија секогаш ќе биде отворена за пријателите од регионот кои помагаат за нејзината интеграција и интеграцијата на регионот во ЕУ-напиша Заев.
Comments are closed for this post.