Заканите за тужби, наместо користењето на правото на исправка или одговор претставуваат загрозување на слободата на информирање и воопшто, на слободата на медиумите, стои во реакцијата на АВМУ, по најавата на генералниот секретар на Владата дека ќе покрене тужби против новинари и медиуми.
Ваквите постапки, оценува АВМУ, претставуваат директен притисок врз работата на медиумите.
Секој, вклучително и носител на јавна функција кој смета дека медиум му наштетил на угледот, честа или интересите така што објавил нешто неточно, погрешно или лажно за него или објавил нецелосна информација има право од медиумот да побара да објави исправка или одговор на објавената информација, се вели во реакцијата на АВМУ.
Comments are closed for this post.