На денешната седница АВМУ едногласно донесе одлука да поведе постапка за утврдување дали постои повреда на забраната за таен сопственик на радиодифузерот 1ТВ. Според Централниот регистер 1ТВ е во 100% сопственост на “БЈМ Медиа Груп” што е во сопственост на Миле Јовановски.

Постапката е отворена согласно членот 34 од законот за АВМУ кој забранува скриено сопствеништво.

Во рок од 15 дена Бојан Јовановски ќе треба да поднесе писмена изјава заверена на нотар дека не е сопственик на 1ТВ.