Министерството за здравство соопшти дека по барање од министерот Беким Сали поднесени се оставки од директорите на две универзитетски клиники – Клиниката за детски болести и Клиниката за радиотерапија и онкологија.
-По барање на министерот за здравство, денеска до Министерството за здравство се поднесени оставки од двајца директори на универзитетски клиники. Станува збор за директорката на Универзитетска клиника за детски болести, проф. д-р Аспазија Софијанова, и директорот на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, д-р Никола Васев, соопшти Министерството за здравство.
Во известувањето се додава дека јавноста ќе биде навремено информирана кога министерот ќе назначи нови директори на двете клиники, согласно законските процедури
Comments are closed for this post.