Првиот вицепремиер, како што самиот сака да се нарекува Артан Груби одби да одговори за неговата поврзаност со вадењето на органи во т.н „жолта куќа“ во Албанија. Тој во емисија на „Канал 5“ беше прашан од страна на Левица какво беше неговото учество во жолтата куќа и дали намерно одбрал новото министерство да биде во жолта боја.
На тоа Груби имале ироничен одговор „Нека дојдат групно или поединечно, како сакаат да им демонстрирам лично на состанок“.
Весна Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ смета дека однесувањето на Груби е врв на препотенција, ароганција, грубост, закана, некултура,…..
Веројатно им е наменето на оние кои при ваков тип на изјави чувствуваат лажна моќ и надмоќ, некаков тип на супериорност без никаква основа.
Учеството на Артан Груби во озогласената куќа беше обелоденето лично од неговиот лидер Али Ахмети. Подоцна тој се вадеше дека бил погрешно разбран и оти мислел на тоа дека Груби бил преведувач во судскиот процес за „жолтата куќа“ иако досега Хаг нема водено истрага за овој случај.
„Жолтата куќа“ во која до пред десетина години се вадеа органи на Срби се наоѓа на југот на Албанија во близна на градот Бурел.
Неколку хирурзи под будното око на Хашим Тачи ваделе органи на претходно киднапирани Срби.Органите од убиените Срби завршувале на пазарот за органи и се продаваа од 10.000 до 100.000 долари.
Надворешноста на куќата била жолта и оттаму го носи називот „жолта куќа“. Но, кога куќата станала интересна за Хаг и кога истражители почнале да ја посетуваат барајќи докази, сопстевникот ја префарбал во бела.Но, кога по налог на Хаг албанската полицијаа правела претрес почнале да гребат по малтерот и почнала да паѓа жолта боја
Comments are closed for this post.