Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, изјави дека кредибилитетот на Специјалното јавно обвинителство, во моментов но и претходно бил никаков и на најниско ниво.
Според Арсовски, ВМРО ДПМНЕ и сите останати независни експерти и аналитичари укажувале дека СЈО е само еден инструмент на СДСМ и на власта да може да се вршат уцени и да се прави политички пазари со одредени политичари или да се изнудува одредена корист од одредени бизнисмени и јавни личности.
„Со она што се случи вчера тоа само се потврди дека интегритетот на СЈО и на Катица Јанева, која што неспорно е дека отсекогаш била блиска со СДСМ и со Зоран Заев е никаков и тоа е она што наназад со години ги следи Специјалното Јавно Обвинителство, бидејќи таму не владееше, односно не се спроведуваше неселективна правда туку напротив се спроведуваше селективна правда и еве како што гледаме не само што се спроведуваше селективна правда, тоа било едно дувло каде што со сите оние снимки, со сите оние прислушкувани разговори кои што едноставно можеа да се купат на тезги на пазари кои што беа расфрлани од Зоран Заев, се покажа дека биле користени, за рекет, за уцени, за изнуда од одредени луѓе. Сето она кое што го работеше СЈО во моментов паѓа во вода“ изјави Арсовски.
Со вчерашното апсење се покажа дека во Република Македонија владее криминално политичко милје и се докажа сето она, односно се потврди сето она кое што го говореше ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период, потенцираше Арсовски.
„Сето она што го видовме вчера е само потврда дека во Република Македонија има огромна корупција, има огромни скандали меѓутоа над овие луѓе треба да се бараат нарачателите. Ние имаме сериозен сомнеж дека нарачатели на сето ова се врвот на власта, односно врвот на СДСМ. Така да ова е уште една потврда дека во Република Македонија владее сериозна корупција, владее сериозно рекетарство, уцени и сето она што се случуваше во изминатиот период со СЈО се покажа дека било само инструмент за политички пазар. Било инструмент за уцени и личен интерес. И едноставно за уценување на сите оние луѓе кои што беа опфатени на оние снимки кои што беа во СЈО“, рече Арсовски.
Comments are closed for this post.