На толку нерешени проблеми во Градот Скопје, каде што граѓаните пиштат и вриштат од мрзеливоста и неспособноста на Шилегов, него му дојде до набавка за дронско прелетување и откривање болести на вегетација, ова денеска преку прес-конференција го истакна Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Замислете на сите нерешени проблеми во Град Скопје, после четири годишно владеење на мрзеливиот Шилегов, каде што не можат да откријат која канделабра им свети, а која им е скршена, тие сега ќе откривале болести на растенија. Најинтересно е што човекот што треба оваа година да открива дали растенијата во Скопје се болни или не, е токму мажот на Мила Царовска од СДСМ, со неговата фирма „Флај Кем“. Оваа негова операција за откривање на болести кај растенијата ќе ги чини граѓаните околу еден милион денари. Лудилото отиде до таму да најголем дел од техничката спецификација е токму како погодена за дронот на сопругот на Мила Царовска, што уште еднаш покажува дека е и повеќе од јасно дека однапред можеби и е договорено се. Дали е така? Тоа треба да истражат органите на прогонот, вели Арсовски.
Тој додава дека одејќи по оваа логика, мрзеливиот Шилегов, само за да подели тендери на блиски на функционерите од СДСМ, не е ништо чудно од наредна година сопругот на Мила Царовска преку тендер на Градот Скопје да почне да брои комарци во текот на летото.
-Најпрвин да расчистиме неколку работи, заблуда е дека постои дрон што открива болни растенија, тоа го кажуваат и експертите. Не постои дрон што може да ти каже дека некое дрво или растение е болно или не е. Дополнително нема ниту стручна служба во Градот Скопје што би испитувала примероци од било какви детектирани болести кај болни растенија. Што значи очигледно е, ова е само начин за испумпување на парите на граѓаните во џебовите на функционерите на СДСМ. Ова е начинот на испумпување пари од граѓаните. Ова е начинот на работа на мрзеливиот Шилегов, кој единствено го интересираат вакви зделки. Додека има еден милион нерешени проблеми на граѓаните во Град Скопје, на мрзливиот Шилегов му е поважно да додели еден милион денари на сопругот на Мила Царовска. Почитувани граѓани, почитувани скопјани, Затоа и живееме во ваков хаос, потенцира Арсовски.
Comments are closed for this post.