Зоран Заев и криминалниот картел на власт глумат правна држава, а всушност се директни поддржувачи и иницијатори на беззаконие, самоволие и криминал. Наместо да организираат спектакуларни акции, доколку навистина сакаат да го спроведат законот тогаш треба да го запрат уништувањето на Охрид на кое му кумуваат градоначалникот Константин Георгиевски и неговиот политички ортак, Нефи Усеини“, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Топј вели дека со месеци надлежните институции со прст не мрднуваат за изградбата на нелегалната тераса сред Охридска чаршија до чинарот, но и не мрднуваат со прст за изградбата на нелегалната бетонска база која што никна на самиот брег на Охридското крајбрежје.
Да беше тутун насаден од некој земјоделец досега сигурно ќе испратеа специјални сили со полна воена опрема, вилушкари, камиони, багери и разновидна механизација, но кога се работи за човек со кој се во директен политички пазар тогаш молчат и со тоа го охрабруваат да направи уште некоја нелегална градба сред Охрид.Ова се двојните стандарди на криминалниот картел на Зоран Заев, без разлика дали е на централно, дали е на локално ниво. Тие двојни стандарди значи дека овој криминален картел нема врска со владеењето на правото и правната држава“, рече Арсовски.
Тој ги повика надлежните институции и соодветно да реагираат и да го санкционираат ова како што потенцираше беззаконие на советникот Нефи Усеини.
Зоран Заев е на колена и не смеат да му дозволат тој и неговите бизнис-политички партнери криминално да се богатат на сметка на интересите и на народот“, рече Арсовски.
Comments are closed for this post.