Прогласената епидемија на непотизам алармантно се шири додека институциите спијат. Два нови случаеви заразени со епидемија на непотизам во Неготино, а власта сеуште молчи како всушност се заразиле“, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Тој истакна дека непотизмот не е еден случај и единствен, туку е начин на работење на СДСМ, а за тоа како што потенцираше е и примерот со пратеникот на СДСМ од Неготино Ристе Ташев, чија што сестра Катерина Јорданова се вработила во Основното Училиште Страшо Пинџур.
Прашуваме, кој е критериумот според кој токму сестрата на пратеникот од СДСМ е вработена, а не некој друг? Сигурни сме дека не била единствена за таму и сигурни сме дека во огласот не пишувало во делот на критериумите – да биде сестра на Ристе Ташев. Да потсетиме и дека во Неготино градоначалникот Тони Делков избран од граѓаните на Неготино ја вработи сопругата Надица Делкова во Основното Училиште Гоце Делчев, кое е директно под неговите ингеренции. Што уште треба да кажеме за Заев и СДСМ да признаат дека јавниот сектор го претворија во семејно-партиска фирма во која се вдомуваат најблиските роднини и тоа за жал на сметка на граѓаните кои остануваат без егзистенција и без можност за вработување и секојдневно тонат во сиромаштија“, рече Арсовски.
Comments are closed for this post.