Обрачот околу Зоран Заев и СДСМ околу случајот „Рекет“ се повеќе се затега, рече на денешната прес-конференција Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, информациите за записникот и исказот на оштетениот во случајот „Рекет“, кои што излегоа во медиумите вчера и се потврдени од Јавното обвинителство, ги отворија сите карти како се одвивал целиот „рекет“ на бизнисмени и политичари во Република Македонија.
Очигледно е дека Зоран Заев знаел за случајот и не само што знаел, туку и позадински го водел и управувал целиот „Рекет“ како да се одвива и ги полнел со информации оние, кои што биле негови извршители. Зоран Заев не само што не го пријавил случајот „Рекет“, туку како што видовме од записникот и го опструирал. Од она што можеше јавноста да го види е дека Заев кога дознал дека оштетениот го пријавил случајот, ги предупредил извршителите на рекетот и побарал да прекинат комуникација со оштетениот бизнисмен, рече меѓу другото, Арсовски.
Арсовски праша дали Зоран Заев лажел дека се сретнал со второосомничениот и дали ги предупредил извршителите да се повлечат и да ја прекинат комуникацијата со семејството на оштетениот? Потоа, колку од парите, што се земени од рекетот во „Луј Витон“ ташна завршиле кај Зоран Заев? На крајот тој рече дека одговорност мора да има за сите до еден.
Comments are closed for this post.