Осми ден од СДСМ молчат за скандалот со прислушувањето, осми ден Зоран Заев и Оливер Спасовски не преземаат ништо и не ја известуваат јавноста за ништо. Очигледно нешто сакаат да сокријат, рече денес на прес-конференција Димче Арсовски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додаде дека се уште не знаеме кој прислушувал, колку разговори има, кој се ги има тие разговори, дали разговорите биле предмет на пазар и слично.
„Граѓаните се уште не знаат дали можеби и Вилма Русковска е прислушувана? Со кого разговарала Вилма Русковска во разговорите и дали има во нејзините разговори индиции и сомнеж за некаков сторен криминал? Дали можеби од разговорите доколку ги има од Вилма Русковска ќе се дознаат многу работи кои што не и се претставени на јавноста? За целиот овој скандал СДСМ Заев и Оливер се уште немаат одговор“, рече Арсовски.
Според ВМРО-ДПМНЕ за овој скандал се најодговорни Заев и Спасовски и дека мора да сносат одговорност и да си поднесат оставки.
„Овој скандал е олицетворение на принципот на владеење на Зоран Заев и СДСМ. Неопходни се оставките на Заев и Оливер за да не ја попречуваат истрагата за скандалот“, истакна Арсовски.
Comments are closed for this post.