Дирекција за заштита и спасување добива прва републичка пожарна составена од 50 возила за гаснење на шумски пожари, кои имаат одлични карактеристики и капацитети за справување со тешко достапни терени. Станува збор за армиски и полициски возила кои се пренаменети и ставени на располагање на Владата и на Дирекцијата за заштита и спасување, а на барање на општините за справување со пожарите во земјава.

Премиерот Христијан Мицкоски, на промоцијата на армискиот полигон „Криволак“, посочи дека станува збор за полициски и армиски возила кои повеќе од осум години беа запуштени и не биле запалени, а со кои сега државата многу поподговени ја пречекува сезоната на пожари.
Благодарност до сите кои што учествуваа во оваа активност. На овој начин државата заштедува неколку десетии милиони евра, а да не зборувам колку капацитетите се зголемени – изјави Мицкоски.
Тој информираше дека неделава треба да стигне и вториот авион од сервис, а третиот се очекува до крајот на август.

По два полициски и армиски хеликоптери се исто така подготвени доколку има потреба. Навистина не можеме да правиме споредба со претходно. Можам да кажам дека многу, многу поподготвени сме од минатото доколку има вакви предизвици, изјави Мицкоски.
Директорот на Дирекција за заштита и спасување Стојанче Ангелов, по презентациијата на опремата и возилата, рече дека за разлика од минатите години сега имаме многу повеќе ресурси.
За првпат имаме неспоредливо повеќе ресурси за справување со пожари. Овие возила со резервоар за вода од 1,5 тони може да стигна до места, на кои и најсовремени џипови не би можеле – изјави Ангелов.
Градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев, информираше дека целокупната инвестиција е од општествено одговорни компании и лица и дека државата за првпат добива прва републичка пожарна.

Пред три месеци земавме за обврска сите возила кои беа расходовани да ги ставиме во функција. Денеска 34 возила за гаснење на отворен пожар се презентирани. Имаат одлични карактеристики и капацитети за справување со тешко достапни терени. Целокупната инвестиција е од општествено одговорни компании и лица – изјави Јанчев.
Станува збор за застарената и магационирана опрема, како што се БТФ70/80, старите хермалини и слично, кои што беа во магацините на Министерството за одбрана и МВР, а кои се модернизирани и на кои им се инсталирани посебни резервоари за вода, пумпи кои што работат на висок притисок и можат да пристапуваат на непристапни терени.
Comments are closed for this post.