Арбен Зибери, претседател на комисијата за здравство во Собрание во Студио 10 вели дека имаме многу луѓе кои го поминале вирусот и не сме во почетна фаза. Цела година имаме некоја скала на колективен имунитет, но и со вакцините ќе се постигне баланс и да се врати нормалниот живот, тие ќе се даваат на оние кои ја немале болеста.
Во февруари ќе почнеме со давање на вакцината и земјите каде е почната вакцинацијата се членки на ЕУ. Во Србија се користат кинески вакцини и има претставништво Фајзер. Фокусот на Фајзер и сите компании сигурно е поголемиот пазар и ова е глобален проблем, вели Зибери.
Зибери смета дека пратениците треба да се вакцинираат за да може да функционира Собранието, но оние кои не ја имале болеста и немаат антитела.
Јас имам антитела и нема потреба да се вакцинирам, зошто ја имав болеста, вели Зибери.
Тој смета дека во неколку земји веќе се зборува за лек против вирусот, не само вакцина, зошто не е сигурно колку ќе штити вакцината и колку ќе трае.
Comments are closed for this post.