Апелацискиот суд Скопје го врати предметот за случајот со дедото на малата Тамара на почеток.
Според првичната пресуда, Љупчо Стојановски, на 12 јули годинава, беше осуден на казна затвор од седум и пол години поради обидот за убиство на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров.
Новото рочиште, според информациите од Кривичниот суд, е закажано за 5 декември.
Стојановски се обиде да пука врз Тодоров на денот кога тој требаше да ја предаде министерката функција на 1 јуни минатата година.
Малата Тамара Димовска почина пред повеќе од три години, чекајќи операција на рбетот во странство. Против лекарите сега се води судски процес.
Comments are closed for this post.