Со сите полнења кутии, на претстојниот рферендум нема да има излезност на гласачите ниту од половина милион, изјави за Пресинг Тв, професор Димитар Апасиев.
Ова, според него, го покажувале интерните партиски анкети на Левица, кои велат дека само 14 отсто од граѓаните се подготвени да гласаат, иако за успешен референдум треба да има над 900.000 гласачи.
Досегашниот тек на кампањата тој го оценува како фаворизирачки, пристрасен, противзаконит и како тотално медиумски корумпиран.
-Прекршувани се од изборен законик до правилата на АВМУ. Еве, ќе кажам само две забрани или европски практики, кои важат во сите цивилизирани држави кон кои стремиме и ние. Значи, имате забрана за влијание врз исходот од страна на јавната власт. Според Венецијанскиот кодекс, тоа буквално се нарекува прекумерна и еднострана кампања. Значи, јавната власт не смее да врши кампања ЗА. Таа може да дава делови, појаснувања за догоорот и тоа се вика информативна кампања. Но, отворено заземање страна е недозволиво. Исто така, имате забрана за користење јавни фондови. Тоа е дури и кривично дело кај нас, како што имате предреферендумска корупција, ветувања за зголемени плати или социјална помош. Но, според мене, кај разумен човек тоа делува контрапродуктивно. Сакајќи да стигнат до поголема поддршка, тие самите си пукаат во нога, нагласува Апасиев.
Comments are closed for this post.