Антизападниот Христијан Мицкоски продолжува по стапките на неговиот ментор, осудениот криминалец Никола Груевски, не отстапува од делбите и омразата.Груевски ги делеше граѓаните на патриоти и предавници, а неговиот пион Мицкоски ги дели граѓаните на лојални и нелојални, обвинува портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
Неговата дрскост и ароганција отидоа до таму што на најголемиот, најрадосниот христијански верски празник- Божиќ, Мицкоски се дрзна да ги дели и понижува граѓаните.На Мицкоски му се врти во главата желба да се поставува во улога на судија и да утврдува кој е, а кој не е лојален граѓанин на Македонија.На граѓаните им се доста 11 години партиски суд. Македонија расчисти со поделбите и одбра да се гради како едно општество на еднакви граѓани.Граѓаните на пролет уште еднаш ќе го поразат концептот на поделби и омраза што го следи Мицкоски.Граѓаните ќе изберат претседател кој ќе работи во интерес на државата и рамо до рамо ќе застане со прогресивните демократски сили што ја водат Македонија во ЕУ и НАТО.
Comments are closed for this post.