Државната комисија за спречување на корупција отвори постапка за именувањата во Армијата од страна на претседателот Ѓорге Иванов. Станува збор за именувања од шефот на државата објавени во Службен весник по распишувањето на претседателските избори.
Антикорупциската комисија, како што беше истакнато на денешната седница, ќе бара информации од Кабинетот на претседателот и од Министерството за одбрана за извршените именувања.
Претседателот Иванов неодамна со укази ги назначи поранешниот аѓутант Мирче Ѓорговски за воен претставник во седиштето на НАТО, полковник Маријо Јуришиќ за воено аташе во Франција, началникот на ГШ Васко Ѓурчиновски го унапреди во генерал-потполковник, Драган Ковачки стана командант на Првата механизирана пешадиска бригада, а Бесник Емини началник на штаб во Здружената оперативна команда.
Comments are closed for this post.