Вицепремиерот за борба против корупција и криминал Љупчо Николовски соопшти дека Антикорупциска и официјално добива нови простории за работа.
Државната комисија за спречување на корупција и официјално добива нови простории, го решивме и овој наследен проблем. На моја иницијатива, Владата на денешната седница донесе одлука со која на ДКСК и се дадоа на трајно користење простории во дел од објект кој се наоѓа на плоштадот „Пресвета Богородица“.“ – соопшти Николовски.
Решаваме проблем што долго време беше игнориран, но уште поважно, од особено значење за работата на ДКСК, како независно тело што има клучна улога во откривањето на случаите за кои постои сомнеж за корупција. Продолжуваме. – посочи Николовски.
Comments are closed for this post.