Институтот за политички истражувања – ИПИС ја објави најновата анкета за предизборниот рејтинг на политичките партии по објавувањето на коалициите.
Според најнова анкети на ИПИС расте предноста на ВМРО-ДПМНЕ, според анкетата за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 24,1% од испитаниците додека за коалицијата СДСМ и БЕСА би гласале 21,5% од испитаниците. Разликата е 2,6% процентни поени, но за разлика од другите анкети во оваа анкета рејтингот на БЕСА и СДСМ е заеднички, што значи, рејтингот на СДСМ е далеку помал од 21,5.
За споредба на анкетата спроведена во јуни во 2019 година од страна на М-проспект. ВМРО-ДПМНЕ имал 1,9 процентни поени предност пред СДСМ.
Во анкетата на ИПИС рејтингот на Зоран Заев и Христијан Мицкоски е речиси израмнет. Мицкоски со 17,2, % а Заев до 17,5%. Со тоа што рејтингот на Мицкоски во споредба од пред една година е во постојан раст.
ВМРО-ДПМНЕ најголема подршка има во Вардарскиот регион со 40% и Југоисточниот регион со 36,2%. А коалицијата на СДСМ и БЕСА имаат предност само во Полошскот регион. Додека во Скопскиот регион силите на ВМРО-ДПМЕ и СДСМ се израмнети со по 21%.
Во емисијата „Oбјектив“ во четврток, 20:15 часот на МТВ1 по повод актуелната тема – парламентарни избори во државата, ќе бидат објавени целосните истражувања околу предизборниот рејтинг на политичките партии по објавувањето на коалициите, кои ги изврши Институтот за политички истражувања – ИПИС, објави на „Фејсбук“ македонската телевизија.
Во емисијата „Oбјектив“ во четврток, 20:15 часот на МТВ1 по повод актуелната тема – парламентарни избори во државата, ќе бидат објавени целосните истражувања околу предизборниот рејтинг на политичките партии по објавувањето на коалициите, кои ги изврши Институтот за политички истражувања – ИПИС
Comments are closed for this post.