Поразителни 83,7 отсто од испитаниците би си заминале од Македонија кога би имале шанса. Ова се резултатите од анкетата под наслов „Кога би можеле, дали би заминале од Македонија“ што Факултети.мк ја објави пред две недели.
На прашалникот анонимно одговорија вкупно 1.474 читатели. Интересен е податокот што во првите неколку часа имаше масовно одговарање на трите поставени прашања, се наведува во анкетата на „Факултети.мк“
На прашањето „Кога би имале шанса, дали би заминале од Македонија?“ одговорија 1.491 читател. Од нив дури 1.234 (83,7%) одговориле со „да“, 123 (8,3%) се двоумат, додека 117 испитаници (7,9%) би останале во Македонија.
Comments are closed for this post.