Најновата анкета на ИРИ, покажува дека во случај утре да се одржат предвремени парламентарни избори 19% од граѓаните би гласале за ВМРО-ДПМНЕ.
Согласно резултатите на извршената анкета, за СДСМ би гласале 11% од населението, 7% за ДУИ, а 6% за политичката партија Левица.
На прашањето за насоката на движење на земјата, само 13% од македонските граѓани одговориле дека земјата се движи во вистинска насока додека 58% одговориле дека се движи во погрешна насока. Дваесет и осум проценти од испитаниците биле неутрални.
„Со зголемувањето на инфлацијата и цената на електричната енергија и другите економски предизвици со кои се соочува Македонија во моментов, нашите податоци покажуваат дека луѓето не веруваат дека земјата се движи во вистинската насока“, рече Пол Мекарти, регионален директор на ИРИ за Европа. „Креаторите на политики на национално ниво ќе треба да останат фокусирани на економските прашања доколку сакаат да ги сменат овие бројки“.
Анкетата исто така покажа силна поддршка за членството во ЕУ, и покрај падот од 11 процентни поени од ноември 2021. Седумдесет и три отсто од македонските граѓани сакаат да влезат во ЕУ, а 24 отсто не се за влез во ЕУ.
Comments are closed for this post.