Андреј Ковачев ни наметнува граѓанска, наместо антифашистичка војна!?



Ете до каде стигнавме. Да го прославуваме 11 Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ, за бугарскиот европратеник Андреј Ковачев претставувало антибугарска провокација! За него веќе и не се знае што не претставува провокација.

И тоа на страна, па си зема за слобода да си поигрува и со народното востание, што со други зборови значи и поигрување со македонското антифашистичко минато.

-Србоман убива Бугарин, татко на три деца и роднина на Даме Груев. Ова се нарекува ‘народно востание’ и се прославува секоја година! Во ЕУ нема место за лагите и антибугарската идеологија, напиша меѓу другото Ковачев на својот ФБ профил.

Е, па, Андреј Ковачев ќе мора да учи и да се привикнува на некои работи. И тоа не е никаков грев, зашто човек цел живот учи. Само сега од документи и од други книги, а не од тие нивните со кои им ги перат мозоците. Па, и он, нели, така вели за нас.

На пример, може да почне од тоа дека не може и не смее да ни наметнува некаква граѓанска војна, наместо антифашистичка. Тоа што Душко Наумовски го етикетира како србоман, а не како Македонец или, според неговото гледање на работите, како Бугарин, тоа си е негова работа.

Бугарската војска сигурно не дошла во Македонија за да бере цвеќе. Дошла да ја окупира Македонија како територија. Како подарок од Адолф Хитлер. И тоа многу убаво се гледа во документот на бугарското Министерство на војната и на Штабот на војската со број 1203 од 22 април 1941 година.

Во документот и се наредува на шестата пешадиска дивизија од 23 април утрото да започне со своите активности за „окупирање на Македонија“. И натаму се наведуваат насоките и патните правци по кои ќе се движат единиците на бугарската армија.

А, од окупација до ослободување има разлика, и тоа огромна разлика. Ете затоа Македонците се кренале на народно востание и на вооружена борба. Какви биле, такви биле, ама биле македонски.

Ковачев нека се обиде да си најде одговор и на прашањето зошто и бугарскиот народ не го сторил истото уште во истата 1941 година, туку чекал до 1944 година да ја смени наци-фашистичката власт во својата земја.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

СДСМ како грамофонска плоча за мигрантите

пред 6 часа
Интервју со поранешниот градоначалник од СДСМ

Богдановиќ: СДСМ веќе стана инструмент на некого за да преку партијата се пресметуваат со Србите

пред 8 часа
Македонија

Богдановиќ: Етикетирањето новинари од страна на СДСМ е знак на немоќ (ВИДЕО)

пред 23 часа
Македонија

„5 минути со Чавез“: Системот е виновен за Кочани и за сите жртви како Ивана

пред 1 ден
Македонија Магазин

Тони Цетински откажал концерт во Нови Сад поради слаба продажба на билети па си измислил причина дека во салата била логор за Хрвати

пред 2 дена
Македонија

Како Филипче се обиде да заработи од вакцини за време на короната

пред 3 дена
Македонија

Дачиќ: Се вратив во живот, му благодарам на мојот брат Вучиќ

пред 3 дена
Македонија

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти

пред 3 дена
Македонија

Eве како Филипче лажеше дека во Македонија ќе дојдат мигранти (ВИДЕО)

пред 3 дена
Македонија

Сите им се смеат на СДСМ за мигрантите

пред 3 дена