Италијанскиот новинар Ларис Гајсер, кој минатата година го откри скандалот „Рекет“ денеска  во весникот „LaVerità“  ги анализира  првите осуди за корупцискиот скандал во Владата на Заев откриен од мене минатата година.

Откритијата за корумпираниот систем и финасиските уцени што се креираа за време на владата на социјалистичкиот премиер Зоран Заев, објавени во Ла Верита минатото лето, освен паѓање на владата во декември, придонесоа на суд во Скопје да се изрече првата казна.

Обвинителството потврди дека од кабинетот на обивинителката Катица Јанева, сакана посебно од Федерика Могерини и од врвот на ЕУ под водство на Жан Клод Јункер, за да се легитимира владата на Заев, се водела една мрежа на финансиски уцени и политички манипулации. Извршителот на рекетите и собирачот на пари, Бојан Јовановски, т.н. Боки 13, беше осуден на 9 години, неговиот асистен Зоки Кичеец на 3, а специјалната обвинителка Катица, на 9, пишува Гајсер.

Тој во анализата пишува

Со оглед на тоа што Обвинителството што е задолжено да го имплементира процесот е и денес водено од Вилма Рускоска, посочена од нас како важен дел од ланецот на конекции помеѓу екс-премиерот Заев и судскиот систем, и со оглед на тоа што мнозинството во Парламентот е истото како и минатата година, не се дозволи да се рашири дебатата за тоа кои се вистинските нарачатели на криминалите на Јанева и Боки 13. Целиот процес беше така оформен за да се гони само одговорноста на материјалните извршители. Македонија има техничка влада во моментов, кадешто има место и опозицијата. Владата е задолжена да ја подготви државата за избори. Во тој случај, власта би требало да ја преземат концервативците ВМРО-ДПМНЕ и многу е веројатно дека со промената во политичките и судски врвови, би можело да има продлабочување на истрагата за криминалната мрежа оформена за време на Заев и брат му Вице.

Нема сомнеж дека судењето на Јовановски и Јанева, којашто патем на една судска сесија се соблекла гола за да изнуди некаква олеснителна околност под превезот на ментална болест, многу наликува на фарса. На крајот од денот, никогаш во светот не се видело кривците да се обвинат сами себе. Како и да е, изречените казни, освен што ја докажуваат автентичноста на материјалите коишто беа објавени од Ла Верита, исто така означуваат еден прв чекор во вистинската насока.

Во иднина и двајцата осудени, така и новите обвинители кои ќе го земат во свои раце случајот ќе можат доста посмирено да го прошират спектарот на дејствување на судството. Иако политичарите во Македонија секогаш биле подготвени да трампаат правда со политички услуги, овој пат незадоволството на народот не би требало да остави голем простор за маневар по тоа прашање на следната влада. Од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и веројатно иден премиер, Христијан Мицкоски, Македонците очекуваат тотално различен пристап за разлика од неговите претходници, Никола Груевски и Зоран Заев, политички непријатели сплотени преку тајни договори со цел да преживеат.

Ако во минатото меѓународната рамка беше во корист на Заев, избран од западните лидери како корисен кловн за да ја изврши промената на Уставот на нелегален начин, истата таа рамка би можела да го бутне дефинитивно со оглед на тоа што потенцијалната одговорност на Заев и Русковска би можела да биде олесната од евентуалната победа на Доналд , претседател на САД. Трамп има интерес да ги исчисти сите лоши ситуации креирани од администрацијата на Обама, посебно ако одредени операции, како на пример устоличувањето на Заев врз база на нелегални прислушкувања, биле во соработка со европските земји, како Германија, која ги опструира плановите на САД на Балканот. Од Македонија, во очите на Трамп, и Италија излегува разбиена. Последни два европски политичари кои имале билатерална средба со Заев се премиерот Џузепе Конте и Федерика Могерини. Позициите коишто ги имаше нашата држава во Македонија уште од времето на Ренци, не ја разубавуваат на никој начин сликата на Италија во очите на Белата Куќа, уништена по прегратката со Пекинг.